Блејк Лајвли и Тејлор Свифт вечераа во познатиот њујоршки ресторан Zero Bond. И двете беа беспрекорно стилизирани, особено Блејк која избра шарена облека.
И не само тоа, колоритниот стајлинг покажа и дека Блејк Лајвли изгледа фантастично во се, дури и кога носи навидум неспоиви модни парчиња. Убавата актерка го искомбинирала својот аутфит за излегување на вечера со својата пријателка Тејлор Свифт во Њујорк со мини твид здолниште од модната куќа Шанел.
Надополнето со светкави конци, здолништето со розова нијанса има ситни реси на краевите и лажни џебови за дополнителен допир на шик стил. Таа носеше и сина чанта Шанел од тексас, која брилијантно ја спои со тексас кошула-јакна од модната куќа Версаче.
Кошулата во комбинација на светол и потемен тексас има шарена постава, во препознатливиот Версаче стил, што го прави парчето уште поинтересно. Ја облече кошулата откопчана, а одоздола можеше да се види бела маичка со шарен цртеж на Мики Маус.
Што се однесува до чевлите, таа ги избра салонките на модната куќа Christian Louboutin, моделот ‘Pigalle Follies’ изработен од шарен твид и обработен со мазна кожа. Шарено, шарено и уште малку шарено – тоа било правилото на убавата актерка додека се подготвувала за вечерно излегување. И не погрешила, бидејќи Блејк е создадена за бои.