Претходно таа на социјалните мрежи откри дека за нејзината фигура е одговорен тренерот Дон Саладино.Американската актерка Блејк Лајвли (36) е најпозната по улогата на Серена Ван Дер Вудсен во серијата „Gossip Girl“, а неодамна блесна и на ревијата на Michael Kors во Њујорк,каде се појави во златен комбинезон.Вниманието го привлече во комбинезон со светки кои ги искомбинира со ремен и беж чанта.Таа насмеана им позираше на фотографите,а актерката се фотографираше со познат дизајнер.
Инаку, ова не е прв пат да се појави некаде и веднаш да го привлече вниманието на сите, бидејќи Блејк повеќе пати на црвениот тепих носеше модни комбинации кои станаа вечна инспирација.
View this post on Instagram
Блејк пред седум месеци го роди четвртото дете. Таа е во брак со актерот Рајан Рејнолдс (46) од 2012 година, а заедно ги имаат Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3).
Претходно на социјалните мрежи доби пофалби за својот изглед, па откри кој е главниот ’виновник’ за тоа.
– Дон Саладино е „виновен“.Почекај.Не, не мислев така.Тој не е татко на моите деца. Тој е само личноста која ми помага повторно да се вклопам во мојата облека. Тој е уште подобар човек и пријател од обичен тренер, а тоа кажува многу за него – напиша тогаш актерката.