БЛЕЈК ЛАЈВЛИ ПОВЕЌЕ НЕ Е РУСОКОСА! Популарната актерка ги изненади обожавателите (ФОТО)

popara24 мај, 20231min00
701393_7811713_f

Една од најпознатите холивудски актерки, Блејк Лајвли, која ја засакавме како заводливата русокоса Серена во серијата „Gossip Girl“, ја промени бојата на косата.

Блејк стана црвенокоса за нејзината улога во филмот „It ends with us“, кој е работен по атаптација на романот на Колин Хувер.

Блејк Лајвли ја игра Лили Блум во ова остварување.

Во коментарите под фотографијата мислењата се поделени. Додека некои се воодушевени што Блејк носи црвена коса, други велат дека се разочарани.

– Хм, не сум сигурен за ова. Филмот веќе не ми се допаѓа – напиша еден интернет корисник.

– Те обожавам! На убава жена сè и стои убаво – истакна една жена.

Инаку, ова не е прв пат Блејк да ја менува бојата на косата.

Имено, таа во 2015 година ја обои својата руса коса во кафена боја, но по неколку месеци се врати на старата боја.

Блејк е една од актерките кои користат необични трикови за убавина.

– Мама ми откри дека мајонезот е закон за убавина. Пред капење ставам мајонез на краевите. На овој начин спречувам шампонот да ми ги оштети краевите кои секогаш први настрадаат – рекла таа.