Боб фризурата ќе биде водечки тренд оваа есен: Новиот начин на стилизирање ги полуде инфлуенсерките

popara23 август, 20231min00
61335_screenshot-305_f

Трендот кој се наметнува кога станува збор за стилизирање на косата е дефинитивно боб фризурата

Промената на годишните времиња неминовно води до промена и на модните и на трендовите за убавина. Меѓутоа, со доаѓањето на есента, не само што се воспоставуваат различни правила на игра, туку септември е неспорно синоним за нови почетоци. Црвените тонови ќе доминираат оваа есен и во модната и во индустријата за убавина, а трендот што се појавува кога станува збор за стилизирање на косата е дефинитивно боб фризурата.

Откако францускиот боб го заменивме со италијанскиот и ги запоставивме острите форми, префрлајќи го фокусот на разбушавениот ефект, време е да дознаеме каков е моменталниот начин на стилизирање на оваа фризура. Овој боб е тренд кој на класичната боб фризура и дава драстично поголем волумен. Одлично ќе се вклопи во претстојната модна ера.

Како и класичната боб фризура, така и нејзината понагласена верзија има неколку начини на стилизирање. И секој си кажува приказна за себе. Имено, можете да го носите бобот со патец на средината или на страна. Единствено важно е да внимавате при сушењето со фен и на корените да им го дадете тој „кадифен“ ефект. Исто така, овој нагласен боб може да биде прав со малку завиткани краеви, како и брановиден или целосно виткан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma