Болниот циклус е проблем на многу жени: Природни лекови кои ќе ви помогнат да се преродите!

popara3 мај, 20231min00
676 (1)

За многу жени тоа значи дека барем еднаш месечно треба да искусат болки и грчеви кои не секогаш знаат како да ги запрат.

За време на менструалниот циклус карактеристични се интензивните болки во стомакот и во лумбалниот дел. Во некои случаи се јавуваат и мачнини, дијареа, задржување на течности и главоболки, па ретко која жена во тие денови сака, но најчесто мора да стане од кревет.

Затоа витамините А, Б1, Б3, Д, Е и минералите како цинкот се многу корисни во овој период од месецот, а еве уште неколку домашни рецепти кои се многу ефикасни кога станува збор за ублажување на менструалните проблеми.

Пијте есенцијално масло од чемпрес во чај

Пијте чај на база на хмељ или камилица, додавајќи две капки есенцијално масло од чемпрес. Ако менструацијата е исклучително тешка, додадете листови од коприва.

Сува инхалација против мачнини

Доколку менструацијата е придружена со мачнини и главоболка, применете суви инхалации со две капки етерично масло од нане и една капка етерично масло од чемпрес, пишува во книгата „Етерични масла – со мириси до здравје“.

Купка за нозе

Направете млака купка за стапала со 50 гр сода бикарбона, 10 капки етерично масло од чемпрес и грст сечкан црн синап.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma