Доколку сакате суви смокви и општо суво овошје и јаткасти плодови, задолжително пробајте ги овие топчиња или бомбици, сигурни сме дека ќе ви се допаднат… Уживајте!
Состојки:
шолја суви смокви
шолја бадеми
четвртина шолја какао во прав
малку цимет
малку суви брусница
лажица екстракт од ванила
Подготовка:
Сувите смокви исчистете ги од дршките, прелијте ги со топла вода, оставете ги да отстојат десетина минути, па исцедете ги. Во меѓувреме измешајте ги бадемите во блендер со какаото, циметот и ванилата. Додадете ги смоквите и брусницата и мешајте додека не се добие еднолична смеса. Формирајте топчиња и послужете.
На здравје!