Бојадисување на велигденските јајца со шлаг: Најубави дезени без варење (ВИДЕО)

popara8 април, 20231min00
23d908cc2986a9f44d528a31e85def8d4b29317d

Како да ги бојадисате јајцата за Велигден со помош на шлаг?

Најважниот обичај за Велигден е фарбањето јајца, а доколку сте останале без идеи како да направите оригинални дезени, имаме одличен предлог за вас. Веќе неколку години популарен е трикот на бојадисување јајца со шлаг. Покрај тоа што е многу едноставно, може да биде забавно и можете да ги вклучите и децата.

Потребно ви е:

неколку кесички шлаг

прехранбена боја или гел бои за јајца

алкохолен оцет

бели јајца

Подготовка:

Сварете ги јајцата и изматете го шлагот. Шлагот ставете го во поголем сад, можете да го ставите и во тава или огноотпорен сад. Варените јајца потопете ги во алкохолен оцет за подобро да се впие бојата. Ставете ја бојата врз шлагот, но така да има простор помеѓу капките и нанесете различни нијанси. Потоа земете чепкалка за заби и поврзете ги точките правејќи шари. После тоа, преввалкајте го јајцето во шлагот со боја, носете ракавици или користете лажица.

Оставете ги јајцата во боја околу 10 минути, а потоа отстранете го преостанатиот шлаг, исплакнете со ладна вода и избришете ги со сува крпа или салфетка. Уживајте во вашата уникатна велигденска декорација!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma