Бојата на чинијата влијае на тоа колку храна ќе јадете

popara10 август, 20231min00
ishrana

Ако јадете од чинии со одредени бои, ќе јадете помалку, вели науката.

Кога сакате да се дисциплинирате во исхраната, односно да не внесувате премногу калории, а со тоа и да спречите дебелеење, треба да внимавате на неколку работи.

Освен што треба да внимавате каква храна јадете, треба да внимавате и на бојата на чинијата од која јадете.

Избегнувајте црвено

Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат тенденција да јадат помалку ако има поголем контраст на боите помеѓу чинијата и храната.

Ако јадете светла храна од чинија со темна боја, најверојатно ќе јадете помалку. Причината е што вашата порција храна изгледа поголема бидејќи се истакнува на темната позадина. Во чинија со светла боја, храната се спојува со чинијата. Ова ве тера да јадете повеќе.

Познато е дека светлите бои како жолтата, портокаловата и црвената најмногу го поттикнуваат апетитот. Овие бои, особено црвената, го зголемуваат крвниот притисок и отчукувањата на срцето, што прави да се чувствуваме повеќе гладни.

Сината е добар избор

Сепак, сивата, црната, кафената и виолетовата се сметаат за добри избори за потиснување на апетитот. Сервирањето храна на чинии со овие бои ги намалува шансите за прејадување.

Сината боја се смета за најдобра од сите. Науката сугерира дека јадењето од темно сина чинија може да ви помогне подобро да ја контролирате големината на вашата порција.

А формата игра важна улога кога станува збор за слабеење.

Подобро е да се јаде или пие од висока, тесна чаша или сад отколку од широка чинија или некоја рамна чаша. Иако се работи за иста количина на течност или храна, луѓето се чувствуваат како да имаат повеќе храна кога користат широка чинија или широка чаша.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag