Бразди и линии на ноктите: Дали ни ја покажуваат здравствената состојба, зошто ги добиваме и како да се ослободиме од нив?

popara10 октомври, 20231min00
shutterstock1394861858-830x0 (1)

Како што старееме, така и нашето тело расте, а ноктите не се исклучок.

Поради различни активности, како и исхрана, нашите нокти растат и се менуваат, па често се случува на нив да се појават бразди и линии. Многумина се прашуваат дали постои начин да се отстранат.

Што би можеле да значат?

Различни студии покажуваат дека постои многу мала шанса овие бразди да се поврзани со здравствената состојба на една личност. Некои може да се појават порано, некои подоцна, се зависи од типот на кожата и како старееме.

Зошто се појавуваат?

Како што се појавуваат брчките на нашето лице, така се појавуваат и подигнатите линии на нашите нокти. Матрицата на ноктите почнува да ја губи својата ефикасност поради што плочката на ноктите изгледа нерамномерно, што резултира со линии или како што се нарекуваат и гребени кои се протегаат од врвот до коренот на ноктот. Меѓутоа, доколку тие линии се упорни и длабоки, не треба да ги игнорирате, но најдобро би било прво да ја проверите крвта.

Како да ги намалите?

Погрижете се постојано да ги триете рацете и прстите со густ крем, масло или вазелин, посветувајќи посебно внимание на кутикулите, пишува „Инструпикс“. Исто како што би нанесете крема против брчки на лицето, нанесете крема на ноктите.

Купете блок турпија и обидете се малку да ги полирате ноктите, правејќи мазна површина на плочката за нокти.

Исто така, доколку ви треба некоја итна интервенција, тогаш можете да ги налакирате ноктите и барем привремено да ги „отстраните“ овие линии од ноктите, но тоа не е трајно решение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma