Бракот не им ја уби страста: Хајди Клум и Том Каулиц се бакнуваа на плажа како да им е прв пат

popara14 јули, 20231min00
o_29739723_1280

Поранешната манекенка Хајди Клум, мајка на четири деца која на 1 јуни го прослави својот педесетти роденден, изгледа привлечно како во деновите кога шеташе по модните писти, а делумно може да му се заблагодари на својот младешки сопруг Том Каулиц, кој ја опсипува со љубов. Тие јавно демонстрираа колку се сакаат на плажата во Сардинија, бакнувајќи се и гушкајќи се како тинејџери.

Ова е трет брак за познатата манекенка: нејзиниот прв сопруг беше австралискиот фризер Рик Пипино, со вториот сопруг, познатиот музичар Сил имаше три деца, а од 2019 година е во брак со 33-годишниот гитарист на бендот Токио Хотел. Манекенката ја има и 19-годишната ќерка Хелена, која ја имала во врска со контроверзниот италијански бизнисмен Флави Бријаторе, но бидејќи тој не се грижел за неа, малата ја посвоил нејзиниот втор сопруг Сил.

image

Клум и Каулиц се запознале во 2018 година додека манекенката го водела ТВ шоуто „Germany’s Next Top Model“, а бидејќи и двајцата се Германци по потекло, немале недостиг од теми за разговор. Оттогаш тие се неразделни, а имагинативниот музичар, роден во Лајпциг, пред неколку години на својата сакана ѝ подари големо парче од Берлинскиот ѕид за нејзиниот роденден, кое во Лос Анџелес пристигна со авион и беше сместено во нејзината градина од кран. Иако многу фанови не им предвидуваа голема иднина поради разликата во годините, се чини дека и по пет години врска во нивната врска гори истиот љубовен жар.

image

„За мене годините се само бројка. Понекогаш се гледам во огледало и помислувам – „О, да, имам 50 години“. Но, внатре се чувствувам како да имам 25 години. Мојот сопруг има 33 години и знам дека имам повеќе енергија отколку него!“, изјавила манекенката во пресрет на својот педесетти роденден, откривајќи дека таа е главна во нивната врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma