Малку јогурт, овесни снегулки, просо и уште неколку состојки ќе бидат доволни за овие одлични брауни.
Доколку сте љубители на брауни, овој рецепт особено ќе ви се допадне:
Состојки:
шолја јогурт
120 гр брашно
25 гр овесни снегулки
30 гр какао во прав
30 гр просо
три лажици масло
лажичка прашок за пециво
150 гр шеќер
лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Измешајте ги брашното, овесните снегулки, какаото, просото и прашокот за пециво. Во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото, ванилата и шеќерот. Додадете ја смесата со брашно и сè добро измешајте. Ставете во тава обложена со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени околу 30 минути. Изладете, исечете на коцки и послужете.
Уживајте!