Бредли Купер откри како ја воспитува ќерката Леа де Сејн: „Сигурен сум дека строго ќе ми суди…“

popara10 јули, 20231min00
o_29698669_1280

Сите некогаш бевме деца, но кога ќе пораснеме тешко можеме да ги разбереме потребите, желбите и интересите на децата. Секој родител се соочува со овие сомнежи секој ден кога ги воспитува сопствените деца, а исклучок не е ниту познатиот американски актер, 48-годишниот Бредли Купер. „Секојдневно учам за воспитувањето од сопствените грешки, но и од грешките што ги направиле моите родители со мене. Знам дека тоа звучи сурово и строго, но сигурно Леа Де Сејн еден ден строго и сурово ќе ми суди мене и на моите грешки, без разлика на фактот дека направив сè што можам и го правам тоа со најдобра намера. Од сопственото искуство научив дека најважно е децата во никој случај да не се оптоваруваат со сопствените проблеми, бидејќи тие не можат и не знаат како да се справат со нив. И онака имаат доволно свои теми за размислување“, рече Бредли Купер во разговор со Бер Грилс, кај кого гостуваше во следната епизода од серијата „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“ прикажана на каналот National Geographic.

image

Дел од разговорот е снимен додека Купер и Грилс виселе на карпа во кањонот Вајоминг, а актерот се присетил на својот покоен татко кој починал од рак на белите дробови пред дванаесет години. „Посакувам татко ми да беше уште со нас, сигурно ќе уживаше како дедо. Почина во моите раце и во тој момент, соочен со неговото заминување, дефинитивно сфатив дека сите ние сме смртни суштества. Многу ми помогна да се помирам самиот со себе и да го најдам својот мир“, рече Бредли Купер.

image

Актерот има ќерка од врската со топ моделот Ирина Шајк, со која се забавуваше во 2015 година, а следната година за прв пат се појавија заедно во јавноста на МЕТ Гала. Нивната ќерка го прослави шестиот роденден на 21 март, а Бредли и Ирина никогаш не ги потврдија, но ниту ги демантираат гласините дека по паузата во 2019 година размислуваат за нов почеток и уште едно дете, бидејќи наводно не сакаат нивната ќерка да расте сама. Сепак, без разлика на моменталниот статус на нивната врска, тие во секој случај можат да бидат пример за одговорно родителство на сите парови кои поминале или минуваат низ процесот на разделба.