Бредли Купер сега носи џемпер од брендот кој го основа Џиџи Хадид

popara21 ноември, 20231min00
o_31299447_1280

Се повеќе се шпекулира за врската помеѓу 48-годишниот Бредли Купер и дваесет години помладата манекенка Џиџи Хадид. Фановите го следат секое нивно движење под лупа. Оскаровецот која наскоро ќе го гледаме во новиот филм „Маестро“ навикнати сме да го гледаме во едноставни комбинации на облека – фармерки, бели, сиви или црни основни маици. Овој пат папараците го уловија како гордо се шета по улиците на Њујорк во џемпер со пруги потпишан од брендот Guest in Residence, кој Џиџи го лансираше минатата година. Социјалните мрежи се преполни со коментари и шпекулации дали тоа значи дека Бредли одлучил јавно да ја потврди врската со Џиџи.

image

Позлобните коментари сугерираат дека Бредли, исто така, решил да си поигрува со својот стил по наговор на Џиџи. Ова не е прв пат да го видиме актерот во парче облека потпишано од брендот на младата манекенка. Имено, Бредли кон крајот на октомври облече сива карирана кошула со зелени риги, исто така од брендот Џиџи.

Да потсетиме, на почетокот на октомври манекенката и актерот беа видени како излегуваат од еден познат њујоршки ресторан. Извор близок на парот за магазинот People изјави дека Џиџи ужива во врската со Бредли и дека имаат многу да разговараат. “Неговата ќерка е секогаш на прво место. На Џиџи и се допаѓа што Бредли е татко, тој е позрел од другите мажи со кои се забавувала претходно. Тие поминуваат многу време заедно, се дружат неколку пати неделно и тоа ја прави среќна”, изворот рече.за споменатото списание. Бредли ја има 6-годишната ќерка Леа Де Сејн со поранешната партнерка, моделот Ирина Шајк, а Џиџи ја има 3-годишната ќерка Каи со поранешниот партнер, пејачот Зејн Малик.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma