Бред Пит беше забележан во Силверстоун во текот на викендот пред Големата награда на Британија, каде што сними делови од својот нов филм за Формула 1.
Познатиот актер и неговата колешка Демсон Идрис ги носеа тркачките костуми на измислениот тим APXGP и запознаа вистински Формула 1 возачи.
Пит наводно разговарал со коментаторот на Sky Sports и поранешен Формула 1 возач Мартин Брандл за неговото искуство.
“Сега сум малку замаен, морам да признаам. Прекрасно е што сум овде. Одлично ни е, најдобрата забава во мојот живот”, рекол Пит.
Бред објасни дека неговиот лик е Формула 1 возач од 1990-тите, кој почнал да се трка во други дисциплини откако доживеал „ужасна несреќа“.
Неговиот пријател и шеф на тимот, кој го игра Хавиер Бардем, го поттикнува да се врати за да му помогне на својот тим на дното на табелата.
Бред Пит наведува дека филмот треба да биде што е можно поавтентичен, бидејќи ангажирале експерти во Формула 1.
Копродуцент на филмот кој се уште нема наслов е познатиот возач Луис Хамилтон.