Актерот Бред Пит откри дека неговата омилена интимна сцена била со актерката Шалејн Мекол.
Еден од најголемите заводници во Холивуд, без сомнение, е актерот Бред Пит, за кој многу дами велат дека всушност „станува се подобар како што старее“.
Во својата кариера имаше можност да сними неколку жешки сцени, меѓу кои и со поранешната сопруга Анџелина Џоли. Сепак, како што изјави за магазинот „W“, друга сцена, со другата актерка, всушност му е омилена.
Бред откри дека омилен момент на страст на екранот му е оној во сапуницата „Далас“.
-Тоа беше во серијата Далас. Морав да се тркалам во сеното во шталата. Мислам дека немав граница. Само се тркалав и се тркалав – рекол актерот. Инаку, Бред во таа серија се појави само во четири епизоди, како Ренди, момчето на Чарли Вејд, ликот кој го толкува Шалејн Меккол.
Подоцна Шалејн му стана девојка и во реалниот живот, а таа тогаш имаше само 15 години.
И Бред и Шалејн тогаш беа многу млади, а очигледно ова беше една од првите такви сцени што секако останаа врежани во нивното сеќавање.