Бред Пит ја покажа 30 години помладата девојка: Инес беше во брак со ѕвездата на „Вампирски дневници“

popara7 јануари, 20231min00
bred-pit-ines-de-ramon-830x0

Холивудскиот миленик Бред Пит беше „уловен“ со својата нова девојка Инес де Рамон во Кабо Сан Лукас, Мексико, каде заедно ја дочекаа Новата година откако и официјално беше потврдена веста за нивната врска.

Бред за прв пат беше виден со поранешната сопруга на Пол Весли во ноември минатата година на концерт на Бон Вокс, а потоа и во декември на прославата на неговиот 59-ти роденден.

Имено, тие сега слободно прошетаа по улиците на омилената мексиканска дестинација на многумина, каде што поминаа романтичен дочек на новата година.

– Бред моментално не се гледа со никој друг и е многу среќен со Инес. Тие се заедно и се среќни. Им се случува добра работа, без никаков стрес – открил неодамна за People извор близок до нив.

Инес од неодамна е сингл, откако објави дека се разделува од ѕвездата на „Вампирски дневници“, Пол Весли, а таа и Бред пристигнале заедно на концертот. После тоа, тој ја запознал со своите познати пријатели и сите разговарале во област која била затворена за јавноста.

Пол и Инес се венчаа на тивка церемонија во 2019 година, а претставник на двојката во септември потврди дека тие се разделиле и живееле одвоено неколку месеци.

-Одлуката за раскинување беше обострана и се случи пред пет месеци. Тие бараат приватност во овој момент – изјави тогаш тој за медиумите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma