Бремената Ријана и нејзиниот избраник облекоа комбинации кои се совпаѓаат: Џинс на потполно нов начин

popara25 јуни, 20231min00
1687358165075-profimedia-0784479400-830x0

Ријана постави нови модни стандарди кога се во прашање модата и бременоста и на тој начин ја отвори вратата за многу послободно изразување во модата за бремените жени.

Таа ја отфрли широката гардероба, фустаните без форма и рамни чевли и реши да се облече како што навистина сака. А светот, зачудувачки, го прифати тоа со цело срце.

Синоќа папараците ја уловија како пристигнува на шоуто на Louis Vuitton, а љубовта меѓу раперот Роки и неа беше повеќе од очигледна.

Парот донесе многу интересни модни комбинации кои досега не сме ги гледале често.

Музичката икона носеше темен тексас од глава до пети, вклучувајќи соодветни салонки и капа. Во раката држеше кафена чанта.

А Асап Роки донесе лесна варијанта на оваа комбинација со нагласено лого „Louis Vuitton“.

Парот е секако контроверзен кога е модата во прашање, но се чини дека се и компатибилни. А нивната среќа е секогаш видлива на фотографиите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag