Брзата диета со ЈАБОЛКА е најголемиот ХИТ: Жените „полудеа“ по овој начин на симнување на вишокот, за пет дена се губат до пет килограми

popara21 јануари, 20231min00
44583_shutterstock-220227352_f

Ова е многу брза и многу едноставна диета.

Со оглед на тоа што јаболката се здраво овошје, богато со хранливи материи, нема да претставува некои големи ризици, но не треба да се практикува повеќе од 3-5 дена. Имајте на ум дека диетата е рестриктивна и треба да се консултирате со вашиот лекар пред да ја практикувате. Исто така, доколку во одреден момент почувствувате дека вашето здравје се влошува, задолжително прекинете ја диетата.

Диетата се нарекува и диета од 5 јаболка на ден, која всушност опишува како да се јаде додека сте на оваа брза диета со јаболка, со варијации каде зеленчук или цедено овошје се дозволени вториот и третиот ден.

Прв ден на брзата диета со јаболка

Треба да изедете по едно јаболко за појадок, прва ужина, ручек, втора ужина и вечера. Значи вкупно 5 јаболка. Големината и видот на јаболката не се наведени во планот за исхрана, па затоа изберете ги по сопствена желба.

Втор ден на брзата диета со јаболка

Јаболката се јадат за појадок и ужина, а за ручек и вечера, заедно со јаболкото, треба да изедете и порција малку варен зеленчук. Што значи дека зеленчукот ќе го сварите и ќе го зачините само со сол и бибер.

Трет ден на брзата диета со јаболка

Третиот ден за појадок и ужина изедете по едно јаболко, а за ручек и вечера варен зеленчук, со малку сол и бибер, дополнително зачинете со малку цеден сок од лимон, а после јадење испијте чаша свежо цеден овошен сок по ваш избор или мешавина од овошје. Важно е сокот да е свежо исцеден, и да не додавате шеќер

На 4-тиот и 5-тиот ден се повторува планот на исхрана, па јадете исто како и третиот ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma