Брзи, крцкави и благи: Најдобрите чоколадни колачиња

popara13 февруари, 20231min00
Baka-7 (2)

Доколку сте љубител на слатки, особено чоколадо, тогаш сигурно ќе ви се допадне денешниот предлог – чоколаден бисквит.

Состојки:

150 гр чоколадо за печење
50 гр путер или маргарин
50 гр шеќер
200 грама брашно
1 прашок за пециво
2 јајца + 2 лажици шеќер
100 гр шеќер во прав

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер. Во тенџере растопете ги чоколадото, путерот и шеќерот.

Во сад за матење измешајте брашно со прашок за пециво, а потоа додадете ги јајцата, чоколадото и путерот и сè измешајте.

Се добива помеко тесто, па покријте го и оставете го да се излади во фрижидер.

Извадете го тестото со лажичка и со раце расукајте го на помали топчиња, кои потоа се тркалаат во шеќер во прав.

Се редат во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени 15 минути.

Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma