За овој вкусен оброк ќе бидат доволни малку чиа семки, бадемово млеко, калинка и мед.
Доколку немате многу време да подготвите храна наутро, но сте свесни дека појадокот сепак е важен оброк, веруваме дека овој брз пудинг ќе ви биде од корист:
Состојки:
четири лажици чиа семе
чаша бадемово млеко
две или три лажици мед
бобинки од калинка
Подготовка:
Измешајте го чиа семето со бадемово млеко, оставете да отстои две до три минути, потоа додадете го медот и повторно сè добро измешајте. Оставете во фрижидер најмалку три часа (може и преку ноќ). Распоредете во мали чинии или чаши, украсете со бобинки од калинка и послужете.
Пријатно!