Колачот можете да го посипете со шеќер во прав или да го премачкате со џем.
Состојки:
1 чаша јогурт
2 јајца
2 чаши брашно
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша масло
2 лажички прашок за пециво
Подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат околу пет минути, за смесата да биде светло жолта и густа. Додадете го маслото, малку по малку и матете на најмала брзина. Додадете јогурт и измешајте со лажица. На крај додадете го брашното измешано со прашокот за пециво. Истурете во намрсена тава и печете во загреана рерна на 180 степени 40-50 минути. Кога колачот ќе се одвои од рабовите на тавата, проверете со чепкалка дали е печен.