
Крајот на конзерваторството од страна на таткото на Бритни Спирс (41), кое требаше да го означи почетокот на новото поглавје на среќа и стабилност за пејачката и изминатите 18 месеци се покажаа како предизвик.
Некои од нејзиното семејство тврдат дека таа сега е зависна од кристал мет.
– Се плашам дека е на метамфетамин – се молев некој да го објави тоа и да се разбуди. Тоа е застрашувачко. Таа е мајка на моите момчиња – изјавил Кевин Федерлајн (45), поранешен сопруг на пејачката.
Кевин рекол и дека не сака нивните деца да растат така.
– Не сакам момчињата да се разбудат едно утро и да откријат дека нивната мајка се предозирала – изјавил тој.
Синовите Престон (17) и Џејден (16) одбиваат да се сретнат со мајка си, тврдејќи дека виделе како се доставува дрога во нејзиниот дом, а наводно не сакаат да контактираат со неа додека таа не побара лекарска помош, пишува „Дејли мејл“.
Нејзиното семејство е исплашено, а таткото на Бритни, Џејми Спирс (70), рекол дека е загрижен и стравува дека Бритни ќе заврши како пејачката Ејми Вајнхаус, која почина на трагично млада возраст од 27 години.
Инаку, Бритни е во лоши односи со семејството, а на минатогодишната венчавка со американско-иранскиот модел Сем Ашгари (29), никој од нејзиното семејство не присуствуваше.
Бритни и нејзиниот поранешен сопруг Кевин се разделија во март 2007 година, по што следеше рочиште за старателство.
Пејачката го финансира образованието на синовите, а Кевин добива околу 40.000 долари алиментација од Бритни секој месец, а нејзиниот татко и другите членови на семејството се загрижени за нејзината моментална финансиска состојба со оглед на тоа што таа нема постојан приход од 2019 година.
Иако Бритни и многу нејзини обожаватели го критикуваа нејзиниот татко дека го контролира нејзиниот живот, тој цврсто верува дека тој е татко полн со љубов кој го направил она што морал, за да ја заштити својата славна ќерка.
– Споредете ја нејзината добра состојба тогаш и како е сега – изјавил Џејми.