Бритни Спирс затруднела со Џастин Тимберлејк: Еве зошто се договориле да не го задржат бебето

popara17 октомври, 20231min00
dzastin-timberlejk-britni-spirs-830x0

Бритни Спирс била бремена со Џастин Тимберлејк на почетокот на 2000-тите, но се согласиле дека е најдобро да не го задржат детето, пишува TMZ.

Таа, наводно, го открила тоа во нејзините претстојни мемоари, кои ќе бидат објавени наскоро.

Неколку извори блиски до пејачката велат дека на крајот на 2000 година, додека Бритни се забавувала со Џастин, таа забременила.

Иако нивната љубов беше голема, тие често раскинуваа, па решиле да не го задржат бебето.

Меѓутоа, на почетокот не сакала да го прави тоа, бидејќи била религиозно воспитана.

– Толку многу го сакав Џастин. Отсекогаш очекував дека еден ден ќе имаме семејство. Ова ќе беше многу побрзо отколку што очекував – напишала таа во своите мемоари.

Сепак, таа вели дека Тимберлејк чувствувал дека не се подготвени затоа што биле премногу млади, и двајцата во тоа време околу 19 години.

Да потсетиме, Бритни и Џастин беа во врска од 1999 до 2002 година, а по турбулентната врска решија да раскинат.

Во оваа прилика пејачот се уште не се огласил, иако светските медиуми побараа коментар од неговите претставници во јавноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag