Кога станува збор за Бритни Спирс, сите мислевме дека сме виделе и слушнале сè, но не… Таа продолжува да изненадува со своите изјави.
Популарната пејачка Бритни Спирс со години привлекува внимание со своето однесување и ја интригира јавноста, па многумина со право се прашуваат што се случува во нејзината глава. И токму кога помисливме дека не може да не’ изненади со ништо повеќе, таа го направи токму тоа – повторно нé шокира.
Бритни е многу активна на социјалните мрежи, па често со своите следбеници споделува фотографии и видеа на кои открива детали од приватниот живот. Една таква неодамна предизвика бура кај нејзините следбеници, затоа што, верувале или не, објави дека го сменила своето име.
Пејачката објави видео на Инстаграм на кое се ниша во ритамот на песна на Џастин Бибер.
Набрзо одлучи да оди чекор понатаму, па објави слика од планетата Марс со описот:
Гледам сè низ тоа… течно е и влажно… разиграно е и има маса. Го сменив моето име во Ривер Ред! Па сепак, огнот е таму каде што свети… да се загледам во него и да скокнам без никаков страв.
Оваа нејзина објава предизвика бурни реакции на сметката на малку занесената пејачка, а сите се прашуваат што понатаму ќе прави за да го привлече вниманието на јавноста.
Она што не е непознато и не е тајна е дека Бритни Спирс има биполарно растројство, а неодамна доживеала нов нервен слом во ресторан во Лос Анџелес, па на социјалните мрежи брзо се проширија слики од инцидентот.
Многу е веројатно дека ова е уште една фаза во нејзиното однесување која, судејќи според она што можеме да го видиме, укажува дека пејачката не е целосно психички стабилна.