БРОЈНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ: Сливи за поцврсти коски и витка линија

popara13 септември, 20231min00
Screenshot_2

Сливите се од истото семејство како кајсиите, праските и нектарините, но тука завршуваат сличностите. Всушност, сливите нудат многу поголема разновидност кога станува збор за нивниот состав од било кое друго овошје со коска.

 

 

 

 

Сливите можат да бидат виолетови, жолти, портокалови и црвени, и можат да бидат со различни големини.

 

Пред илјадници години, сливите за првпат почнале да се одгледуваат во Кина. Оттаму, во Јапонија, САД и одредени области на Европа. Денес, постојат повеќе од 2.000 сорти сливи одгледувани низ целиот свет.

 

 

 

Витаминот Ц, кој се наоѓа во сливите, му помага на вашето тело да изгради мускули, да формира крвни садови, да закрепне, а исто така е добар и за вашите очи.

 

Антоцијанините кои всушност се црвеникаво-сини пигменти во сливите-можат да помогнат во отстранување на штетните слободни радикали. Ова, пак, го штити вашето тело од рак и оштетување на клетките.

 

Со околу 30 калории по просечен плод, сливите не само што се одлична закуска, туку помагаат и да се задоволи желбата за благо. Имајќи го ова на ум, сливите можат да бидат идеални за оние кои се на диета или сакаат да го намалат внесот на калории.

 

Сливите се полни со растителни влакна, а доколку ги исушите, добро е познато дека помагаат во ублажувањето на проблемите со запек. Една неодамнешна студија покажа дека група од 51 возрасни, од кои сите страдале од запек, почувствувале ослободување од симптомите кога почнале да консумираат сливи.

 

Истражувањето на Универзитетот Харвард покажа дека антиоксидансите можат да го забават развојот на Алцхајмерова болест. Сливите се полни со антиоксиданси, а исто така содржат антоцијанин и кверцетин, и двата се корисни за одржување на здравјето на мозокот.

 

Со 113 милиграми калиум во просечната свежа слива, ова овошје е одлична закуска што може да го намали ризикот од мозочен удар и да го намали крвниот притисок.

 

Нискиот гликемиски индекс на сливите може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, што доведува до помал ризик од дијабетес тип 2.

 

Претходно, некои студии покажаа дека третманот на ракот со помош на екстракт од слива може да влијае на уништувањето на агресивните клетки на ракот, оставајќи ги здрави околните клетки непроменети.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma