Веќе помина една година од милионската свадба на Бруклин Бекам и Никола Пелц, а сега е време да се одбележи како што треба. На изненадување на многумина, овој пар реши да слави во друштво на родителите на Бруклин.
Викторија Бекам објави фотографија со синот и снаата и на овој начин јавно им ја честиташе годишнината, ставајќи крај на сите шпекулации за несогласувања со снаата.
Викторија (48) за фотосесијата позираше во фармерки со висок струк, кои ги спои со едноставна сива маичка и сини мокасини. Никола (28) насмеана пред камерата ги прегрна свекрвата и сопругот, додека таа се одлучи за изненадувачки стајлинг. Имено, таа носеше кратки цветни шорцеви и црна маичка, откривајќи го стомакот и долгите нозе, додека за чевли се одлучи за црни чизми со високи платформи.
За тоа време, Бруклин се одлучи за „домашно издание“ облечен во бела маица и панталони, и портокалови папучи, додека Дејвид се појави во позадина исто така во лежерно издание – облече црни панталони и бела маичка со сива боја, заедно со мокасини.
„Толку е посебно да се биде заедно на првата годишнина од бракот. Ве сакаме“, напиша Викторија покрај објавената фотографија, на што Никола брзо одговори:
„Денес беше многу забавно. Ве сакаме многу”.