Брук Шилдс за односот со мајка ѝ: „Таа немаше момчиња, беше заљубена во мене“

popara26 април, 20231min00
o_28813391_1280

Како гостин во „The Drew Barrymore Show“, американската актерка Брук Шилдс во разговор со водителката Дру Баримор се присети на растењето и на необичната врска со нејзината покојна мајка Тери Шилдс. Во разговорот водителката Баримор се присети на нејзината мајка и менаџер Џејд Баримор и чудните ситуации кои ги доживеала со неа. „Мајка ми се забавуваше со моите момчиња. Дали некогаш си имала таква чудна ситуација со твојата мајка? – праша Баримор.

Шилдс објасни како нејзината мајка била речиси вљубена во неа и не била заинтересирана да излегува со мажи бидејќи била фокусирана на градење на кариерата на нејзината ќерка. „Јас бев нејзиниот главен фокус. И двете бевме отсечени од нашата сексуалност“, продолжи актерката. „Требаше да останам девица, а таа да остане Terri Terrific“, рече Шилдс.

Подоцна за време на шоуто, Баримор истакна дека Брук и мајката Тери често седеле заедно за време на интервјуата, за што актерката објаснила дека нејзината мајка сакала така да ја заштити. „Тоа беше како: „Никој нема да те фати. Јас ќе бидам таму. Прва сум таму. Ти си моја. Нема да те дадам никому“, објасни Шилдс, додавајќи дека тоа се случувало „под маската на заштита, но мислам дека повеќе беше сопственост и страв“.

Во документарецот за Хулу, „Pretty Baby: Brooke Shields“, актерката се отвори за експлоатацијата и сексуализацијата што ја доживеала како детска ѕвезда, вклучително и тоа што мајка и ѝ дозволила да позира гола за Плејбој кога имала само 10 години и да глуми дете проститутка во филмот „Pretty Baby“ од 1978 година. Во интервју за The Sunday Times, Шилдс се присети како нејзините ќерки биле згрозени и филмот го нарече детска порнографија. Актерката открила и дека и било тешко да зборува за детството со своите ќерки и дека не може да им даде причина зошто баба им дозволила да ги прави сите овие проекти.

„Мислам, би можела да кажам: „Ох, такви времиња беа“ или „Ох, тоа беше уметност“, објасни Шилдс. „Но, не знам зошто таа мислеше дека тоа е во ред. Не знам.“ И покрај се, дури и децении по смртта на нејзината мајка, актерката сè уште има потреба да ја заштити. „Вродено е кога си единственото дете на самохрана мајка. Се што сакате е да ги сакате вашите родители и да ги одржувате во живот засекогаш“, заклучила таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag