Брус Вилис ќе има многу причини да биде среќен
Легендарниот актер наскоро ќе стане дедо за прв пат. Неговата ќерка Румер Вилис, која ја доби од бракот со Деми Мур е бремена.
Семејството Вилис неодамна се занимава со голем број прашања поврзани со здравјето на Брус, на кого му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција, па приновата ќе донесе вистинска радост.
Румер вели дека Брус Вилис и Деми Мур се „толку возбудени“ што ќе го „добијат првото внуче“.
– Родителите се толку возбудени. Моите сестри се возбудени, а толку е забавно да се донесе првото внуче на светот – изјави таа за „People“.
Кога станува збор за добивање совети за родителство, Румер веќе има богато знаење што го носи од дома, со оглед на тоа што има четири помали сестри.
Да се потсетиме, Румер (34) е најстарата ќерка на Брус Вилис, а со неговата поранешна сопруга Деми Мур има уште две ќерки Скаут (31) и Талула (29). Тие се разведоа во 2000 година, по што актерот се ожени со Ема во 2009 година, со која ги има и ќерките Мејбел (10) и Евелин (8). Она што секогаш привлекуваше големо внимание беа нивните одлични меѓусебни односи. Познато е дека поранешната сопруга и сегашната сопруга на Брус одлично се сложуваат и во секое време се тука за таткото на нивните деца поради неговата болест.