БУРГЕР ТОРТИЉА: Овој рецепт е многу популарен на социјалните мрежи!

popara10 ноември, 20231min00
47067_tortilla-g926846408-1280_f

Потребно е:

за 6 тортиљи
• 1 пакување тортиљи
• 500-600гр мелено месо
• 200гр сирење
• ајсберг зелена салата
• 6 кисели краставички
• 1 главица кромид
• 3 лажици кечап
• 3 лажици мајонез
• 1/2 лажица сенф
• сол, црн пипер и масло

Подготовка:

Направете прелив од кечап, мајонез и сенф. Прво измијте ги, а потоа ситно исечкајте ја зелената салата и кромидот и киселите краставички на кришки. Врз тортиљата притиснете и тенко намачкајте со вилушка 80-100гр мелено месо и убаво зачинете. Тортиљата со месото ставете ја во тавче со врело масло, да биде месото свртено кон тавата. Печете 4 до 5 минути на средна температура. Свртете на другата страна и ставете го кашкавалот врз месото да се растопи. Префрлете ги во чинија и наредете ја салатата, дресингот, кромидот и киселите краставички. Преклопете ја тортиљата. Вашиот оброк е подготвен. Уживајте!