БУРЕК КОЈ МОРА ДА ГО ПРОБАТЕ! Необичната комбинација со овошје е идеална за сладок појадок (ВИДЕО)

popara8 април, 20231min00
684772_unnamed_f

Доколку не сте ја пробале слатката варијанта на бурек, тогаш можете да направите со банани и јаболка и ќе имате одличен појадок.

Состојки:

4 големи јаболка

малку цимет

1 банана

200 мл кисела вода

500 гр тенки кори

масло

Подготовка:

Јаболката изрендајте ги, бананата исецкајте ја и на јаболката додадете малку масло. Тава за печење со дијаметар од 24 см премачкајте со масло или обложете ја со хартија за печење.

На дното ставете ја првата кора, па посипете ја со кисела вода и малку масло. Наредете две стуткани кори, посипете ги со вода и масло и додадете од смесата со банана и јаболка.

Следниот ред исто додека не се потроши се. Покријте го врвот и завиткајте го бурекот.

Попрскајте со вода и масло и печете го бурекот на 200 степени 40-50 минути додека убаво порумени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma