ВАЖИ ЗА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ! Ова е тајната на нејзината убавина – не ви требаат пари!

popara21 април, 20231min00
518540_irinaap_f

Еве неколку тајни за убавина што ги користи Ирина Шајк за да го одржи својот здрав и блескав изглед.

Ирина Шајк во јануари годинава го прослави својот 37-ми роденден и изгледа неверојатно. Како една од најпознатите манекенки на денешницата, таа знае дека нејзиниот одличен изглед е резултат на комбинација на генетика, правилна исхрана, редовна физичка активност и нега.

Ирина тврди дека никогаш не подлегнала на естетски зафати, но негата дома и помага да ја одржи фигурата и свежината на лицето. Нејзините трикови за убавина вклучуваат редовна хидратација, масажа на лице, употреба на производи со хијалуронска киселина, а понекогаш дури и утринска маска за лице што таа сама ја прави со состојки како мед, овесни снегулки и јогурт.

Масирањето на лицето со коцка мраз е една од нејзините тајни, а познатата манекенка на овој начин го намалува отокот, ја поттикнува циркулацијата и ја затегнува кожата.

Протеински шејкови

Третманот со мраз може да биде корисен за кожата, но треба внимателно да се применува. Луѓето со чувствителна кожа треба да бидат внимателни бидејќи мразот можеби нема да има најдобар ефект и може да доведе до осип и иритација на кожата. Исто така, се препорачува да се користи само свежо замрзнат мраз, не постар од една недела. По третманот, важно е да и се даде време на кожата да се опорави пред да излезете надвор.

Ирина тврди дека протеинските шејкови и помагаат да ја одржи витката линија. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека прекумерното консумирање протеини може да ги оптовари бубрезите и црниот дроб, што може да доведе до појава на едеми и акни.

Пилинг од кафе

Дополнителен сојузник за убавина на Ирина Шајк е пилингот од кафе. Талогот од кафе всушност делува, но само ако се користи редовно, а ефектот ќе го забележите дури по три месеци. Доволно е овој пилинг да го правите еднаш неделно, а откако ќе завршите наизменично истуширајте се со млака и ладна вода, бидејќи така се затегнува кожата и се забрзува циркулацијата.

Маските и масажата од краставици помагаат да се одржи убавината на лицето на Ирина. Манекенката меша краставица со кефир и ја нанесува смесата на лицето за да ја хидрира кожата. Убавата Русинка сака и да ја посетува сауната, таа и помага да го одржува телото во добра форма, а се бори и против целулитот и вишокот килограми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma