ВАЖНИ СОВЕТИ: Еве што да направите доколку изгорите на сонце

popara9 јули, 20231min00
Screenshot_13

Летното сонце лесно може да ве измами. За да спречите непотребни непријатности предизвикани со претерано изложување на сонце, престојувајте во сенка, носете удобна ленена облека и заштитете ги очите.

 

 

 

 

Во случај да изгорите на сонце, овие намирници можат да ви помогнат:

 

Чај од камилица

Чајот од камилица и оладени вреќички чај можат да ја смират кожата. Ставањето облози од чај може да ги намали воспалението и болката.

 

Алое вера

Најпопуларно средство за ладење на кожата е гелот од алое вера.  Ставете ја билката во фрижидер пред употреба. Гелот може да го измешате со чист витамин Е бидејќи ја смирува кожата и го забрзува процесот на оздравување.

 

Кокосово масло

На кожата дава хранливи масни киселини кои ја прават понежна. Исто така, ублажува изгореници и го намалува чувството на врелина.

 

Лаванда

Лавандата е совршена за третман за изгореници. Не само што ја намалува болката, туку е и антисептик и спречува создавање на лузни. Направете спреј од 20 капки есенцијално масло од лаванда, половина литар филтрирана вода и две лажици алое вера (сок или билка). Чувајте го спрејот во фрижидер, пред секоја употреба добро измешајте.

 

Краставици

Една оладена краставица блендирајте ја додека не добиете густа каша. Смесата нанесете ја рамномерно на кожата. Помага и ако едноставно ја исечете на кругови и ги ставите на кожата.

 

Ладно кисело млеко или јогурт

Облози од кисело млеко или јогурт помагаат при намалување на топлината на телото, создава слој од протеини, а тоа помага во процесот на оздравување. Маснотиите во млекото и јогуртот помагаат во задржување на влагата.

 

Алкохолен оцет

Оцетот содржи киселина која ги намалува чешањето, воспаленијата и болката. Наполнете шише со распрскувач и нанесете на воспалените подрачја. Оцетот може да го разблажите со студена вода.

 

Сода бикарбона

Ја нормализира киселоста на воспалената кожа, па ќе се чувствувате попријатно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma