Важно е да одржите финансиска независност во долга врска: Експерт советува како да си обезбедите лична заштеда

popara4 април, 20231min00
sugardaddy-830x0

Стотици години жените беа под машката закрила, бидејќи мажите беа задолжени да ги донесат парите „во куќата“.

Кога се изборија за правото на работа, се стекнаа со независност.

Затоа е шокантен податокот дека дури и една од четири жени останува во врска со која не е задоволна само затоа што е финансиски зависна од партнерот.

Заедниците, особено денес, се нешто што се менува, без разлика дали се во брак или во заеднички живот.

Разводот е позастапен од било кога, а многу често жените се во загуба.

Затоа е исклучително важно да имате сопствен бизнис или приход, колку и да е тој мал.

Но, има уште некои работи со кои ќе можете полесно да ја „напуштите“ врската во која останувате само поради пари.

1. Не креирајте заедничка сметка

Паровите кои живеат заедно обично имаат заедничка сметка, а во бракот тоа дури се зема здраво за готово.

Сепак, Марк Ла Списа, финансиски советник, вели дека тоа не е паметен потег.

– Одделните сметки многу ги олеснуваат работите при поделбата на имотот – вели Марк.

Исто така, многу е важно да имате свои кредитни картички.

При аплицирање за било каков кредит или купување на нова станбена зграда се проверува кредитното салдо и затоа најпаметно е само во ваши раце, смета советникот.

2. Отворете „трета сметка“

Имено, La Spisa наведува дека тактиката на отворање трета сметка, каде секој ќе ја плати посакуваната сума на пари за заеднички дом и потреби е најпаметната опција.

– Така избегнувате да изгледате себично, а сепак преземате одредена одговорност – вели Марк.

3. Промена на приоритетите

Луѓето честопати се подготвени да ја жртвуваат сопствената среќа и моралните вредности за безбедност.

– Гледаме жени кои трпат страшни бракови само за да го одржат истиот начин на живот и да одат на одмор два пати годишно, тоа е сосема погрешно.

Направете биланс, буџет со и без партнерот и колку ви е потребно за основна егзистенција.

На долг рок, поздраво е да се откажете од одмор отколку од сопственото достоинство, советува Марк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma