Токсичните врски, како и оние кои изгледаат здрави, но се исполнети со бројни конфликти, се поврзани со бројни ментални здравствени проблеми како што се анксиозни нарушувања, фобии, депресија, биполарно растројство, посттрауматско стресно нарушување, нарушувања во исхраната и употреба на алкохол и други опијати.
Депресијата е ментална болест која е најчеста последица на проблеми во љубовната врска.
Се поставува прашањето, дали токсичноста во врската предизвикува депресија или депресијата предизвикува токсичност? Одговор на тоа даде медицината, пренесува „Psychology today“.
Претходните лонгитудинални истражувања сугерираат дека тешкотиите во врската често доведуваат до проблеми со менталното здравје, а не обратно.
За илустрација, една студија покажа дека учесниците во несреќни врски имаат речиси три пати поголеми шанси да развијат депресија отколку оние во среќни врски.
Со други зборови, моделот на стресна ранливост, познат и како стрес-дијатеза, може да ја објасни врската помеѓу менталната болест и емоционалните тешкотии. Едноставно кажано, емоционалната вознемиреност повеќе им се случува на оние кои се генетски предиспонирани за тоа.
Она што загрижува се резултатите кои сугерираат дека поединците во врски со висок конфликт ретко користат стратегии за адаптивна регулација на емоциите, како што се решавање проблеми, повторно оценување, социјална поддршка, но наместо тоа се свртуваат кон самообвинување, емоционално потиснување, насилство…
Тешкотиите во регулирањето на емоциите се поврзани со зголемен ризик од развој на психопатологија. На пример, недостатокот на социјална поддршка од романтичниот партнер може да го направи поединецот поранлив на стресни фактори во различни домени, како што се работата, училиштето и социјалниот живот. И ескалацијата на овие емоции често може да биде фатална.
Важно е навреме да ги препознаете знаците и да оставите токсична љубовна врска.