Додека сите се прашуваат како се чувствува Џенифер Лопез по нежните сцени на нејзиниот сопруг со неговата поранешна сопруга,таа на сите,вклучително и на Џенифер Гарнер,им порачува – „Мој е”!
Латино дивата Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна ја прославија првата годишнина од бракот,а парот изгледа се позаљубено и хармонично и е речиси неразделно.
Папараците од Лос Анџелес често ги гледаат заедно за време на прошетки,на ручек,кога заедно одат во теретана,на романтични вечери,но овие денови беа мета и на гласини дека Џеј Ло може да биде љубоморна поради врската на Афлек со неговата поранешна сопруга.Бен,всушност,е фотографиран во автомобил со својата ќерка и поранешна партнерка Џенифер Гарнер, додека неговата поранешна сопруга го гушкала,а тој се потпирал на неа и се смешкал со затворени очи.
Exes Ben Affleck and Jennifer Garner share intimate moment inside car together https://t.co/zgupVJAyJs pic.twitter.com/E91AUt4FWH
— Page Six (@PageSix) September 16, 2023
И додека на социјалната мрежа Твитер наврнаа коментарите „Џенифер Лопез ќе се налути“, „Џ.Ло, девојче, што ќе правиме?“ и „Како да ја направиш Џенифер Лопез љубоморна“, актерот и латино ѕвезда изгледаат недопирливо од оваа јавна реакција.Пејачката и актерка веќе следниот ден е видена на пазар во друштво на нејзиниот сопруг,а парот се шеташе прегрнат. Џеј Ло во еден момент ја ставила раката на задникот на Афлек,а многумина веруваат дека тоа не било случајно.
„Вака се означува територија“, „Таа без ниту еден збор кажа „мој е“, „Дали е тоа порака до Џенифер Гарнер?“… пишуваат обожавателите на актерката.
Во секој случај,Лопез никогаш не покажала дека и пречи интимноста на Бен Афлек со неговата поранешна сопруга.Неколку пати беа заедно на семејни настани,бидејќи актерот и Џенифер Гарнер имаат три заеднички деца,а Џеј Ло минатата година за Vogue зборуваше за нивната прекрасна врска и нагласи дека „одлично функционираат заедно“.