Бен Афлек и Џенифер Лопес се појавија на забава по повод премиерата на „Shotgun Wedding“, а еден момент особено го привлече вниманието на јавноста.
Се појави видео во кое Афлек наводно ѝ се правда на сопругата дека не пиел алкохол и веднаш стана хит на TikTok, каде собра пет милиони прегледи.
Моментот во кој Афлек прави гестикулација со рака, покажувајќи дека не пиел, додека Лопес го гледа со строг поглед, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, од кои повеќето се негативни.
Бен Афлек се бори со алкохолизмот веќе 20 години, неколку пати одеше во установа за рехабилитација, а сè започнало бидејќи пораснал со татко кој го имал истиот проблем.
Уште минатото лето се шпекулираше дека тогаш новопечениот пар е во неволја поради неговата зависност, но шпекулациите не се потврдени.