ВАШИОТ ПАРТНЕР ГИ ИЗБЕГНУВА ИНТИМНИТЕ ОДНОСИ? Ова се најчестите причини за тоа

popara10 февруари, 20231min00
Screenshot_5

Во ред, најчесто кога партнерот избегнува секс, првата помисла е: Ме изневерува или има друга. Додека ова тврдење во некои случаи може да биде точно, не мора да значи дека е така. Во основа постојат повеќе прични зошто вашиот партнер не е заинтересиран и избегнува секс.

 

 

 

Да, јасно е дека интимата е неопходна за здрава врска, но тоа не значи дека треба веднаш да се избрзува со заклучоци и да го обвинувате партнерот. Ниту пак да се обвинувате себеси.

 

Во продолжение погледнете неколку можни причини зошто немате редовен секс или забележувате незаинтересираност кај партнерот.

 

Недостаток на комуникација

Сексот не е само чин на задоволство. Потребна ви е интимност на повисоко ниво. Да, ако не сте заинтересирани за тоа низ што поминува и со што се соочува сопругот, може да изгледате смешно кога се обидувате да имате секс.

 

Разговарајте со партнерот, дознајте што го мачи, дали е под стрес. Секако ако има потреба може да консултирате и стручно лице.

 

Не е забавно повеќе

Да, ова навистина е тешко. Понекогаш може да ви се чини дека вашиот партнер ве избегнува затоа што сте му здодеале. Некогаш мислите дека треба да ставите крај затоа што згаснал жарот, но за добра врска се потребни двајца. Бидете трпеливи со партнерот, само заедно можете да ги пребродите проблемите.

 

Стрес

Можеби вашиот партнер е постојано под стрес, па не се чуствува комотно. Можеби не е ваша вина тоа што партнерот е под стрес, но во такви мигови, сексот воопшто и не му е на памет.

 

Обидете се да му помогнете да се опушти. Некогаш е доволна само силна прегратка за да знае дека не е сам.

 

Здравствени проблеми

Понекогаш недостатокот на желба за секс може да се должи на здравствени проблеми. Некогаш може да е проблемот и само во нездравата исхрана, која води до намалено либидо, а во одредени случаи може да станува збор и за нешто посериозно па потребна е медицинска помош. Помогнете му да не избегнува да оди на лекар, ако тоа му е потребно.

 

Премногу порно филмови

Порнографијата поставува нереални очекувања за секого, како за вас, така и за вашиот партнер. Не мора да значи дека секојпат кога ќе имате секс ќе имате и оргазам.

 

Можеби вашиот партнер се уморил од тоа што постојано се обидува да ви удоволи. Дополнително лажирањето оргазми „како во порно филм“ воопшто не помагаат ниту за умот, ниту за телото.

 

Генерално, ова се неколку причини што би требало да ги земете во предвид пред да донесете избрзани заклучоци.

 

Секако, запомнете, клучот за секоја добра врска секогаш е во комуникацијата. Немојте да се срамите да разговарате со партнерот, но без обвинувања и навреди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma