Минијатурните чанти се многу стилски и, да се разбереме, многу непрактични, поради што трендот на чанти со супер големина станува сè подоминантен – и нè прави бескрајно среќни!
Кога зборуваме за тие модели, најчесто темата се мали чанти кои се совршени за шик комбинации, дневни и вечерни излегувања, деловни и свечени стајлинзи, лесно се вклопуваат во секој стил… Сепак, одвреме навреме се појавува некој голем модел кој привлекува внимание, а модните експерти предвидуваат дека наскоро доминантни ќе бидат поголемите чанти.
И тоа не било какви – туку добро познати додатоци кои се носеле во текот на деведесеттите!
Таканаречените хобо чанти со флуиден дизајн беа апсолутен тренд во последната деценија на 20 век, а големите модели главно се носеа попречно на телото, обвиткани дијагонално.
Сега ваквите чанти се враќаат со стил, а се претставени во поновите колекции на брендовите Bottega Veneta, Kenzo, Lemaire, Max Mara, Marc Jacobs, Alberta Ferretti…
Инфлуенсерите веднаш ги избраа своите верзии, па видовме многу трендсетерки со големи хобо чанти во стрит стајл аутфити пред модните ревии.