Многу брзо ќе ја забележите разликата
Доколку сакате вашите плакари и соби секогаш да мирисаат пријатно, се што ви треба е стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло.
Оризот совршено ги впива мирисите на есенцијалното масло, така што ќе го задржи мирисот на вашата гардероба до неколку месеци. Тоа е подобар избор од освежувачите за воздух купени во продавница бидејќи не содржи никакви хемикалии.
Можете да изберете масло со кој било мирис. Маслото од маточина е најефикасно ако сакате да ги елиминирате непријатните ароми.
Се прави со полнење на тегла со ориз, додавајќи 10 до 20 капки есенцијално масло. Покријте и добро протресете за рамномерно да се распореди маслото. Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумено ластиче. Кога ќе забележите дека интензитетот на мирисот е намален, само протресете ја теглата или додадете неколку капки масло.
Освен за гардероби, можете да го користите и како освежувач за просторија.