Велат дека е најубавата жена на Светот со причина: Марго Роби блеска во фустан од светли бои, а секако доминира розовата како заштитен знак

popara9 јули, 20231min00
Screenshot_12

Филмот „Barbie“ на режисерката Грета Гервинг наскоро ќе се најде во кината, а главната ѕвезда на филмот е Марко Роби.

 

 

 

 

Марго во ова остварување глуми заедно со актерот Рајан Гослинг којшто ја толкува улогата на Кен.

 

Марго поради својата фигура на тело била навистина идеална за оваа улога, но кога ќе ја видите во модните изданија кои ги носи за потребите на овој филм, ќе ви биде јасно колку личи на оригиналната кукла со која сите девојчиња растеа.

Да ве потсетиме, популарната актерка се прослави со улогата во успешниот филм „Wolf of Wall Street“ во кој ја толкуваше улогата на фаталната русокоса девојка, а притоа никој не остана рамнодушен на предизвикувачките, интимни сцени кои во таа прилика ги сними со колегата Леонардо ди Каприо.

 

Инаку кога сме кај филмот „Barbie“ за Марго Роби, но и за Рајан Гослинг ова е необичен избор на улога – двајцата се познати по посериозните претставувања. Токму поради тоа, многу од фановите се скептични за филмот.

 

„За да живееш во земјата на Барби, треба да бидеш совршен на совршено место. Освен ако немаш егзистенцијална криза или си Кен“, пишува во описот на филмот.

Screenshot_7
Screenshot_8
Screenshot_9
Screenshot_10
Screenshot_11

Премиерата на филмот е најавена на 21 јули, а од трејлерот може да се заклучи дека сценографијата изгледа апсолутно нереална. Она што може да се воочи од краткото видео е дека Барби и Кен одат во авантура и дека филмот би можел да содржи и малку романтика. Маргот Роби, која ја игра Барби во едно интервју изјави дека публиката ќе биде воодушевена од она што ќе има прилика да го погледне.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag