ВЕЛАТ, НАЈЕФИКАСНИОТ ТРИК: Како да се ослободите од смрдливките

popara25 март, 20231min00
fewqfwegreaherhtrh-114829

Со доаѓањето на пролетта можеме да очекуваме да имаме проблеми со смрдливки кои го користат секое отворање на прозорецот или вратата за да влезат во вашиот дом. Нивниот престој во затворен простор може да биде многу непријатен, но и за тоа има решение.

Малку се луѓето кои немале можност да се запознаат со овие безопасни, но досадни и непријатни инсекти.

Еден од начините да се ослободите од нив е да ставите заштитна мрежа на сите прозорци и врати, но треба да имате на ум и дека тие можат да се провлечат низ дупки широки неколку милиметри.

Покрај тоа, тие влегуваат во облеката, косата, чантите, па лесно и незабележано можете да ги понесете со себе.

Многумина имаат свои рецепти за справување со смрдливките, а велат дека овој е најдобар.

Потребни ви се:

Шише од 2 литри

1 жилет

LED светилка

Црна изолир трака

Креп трака

1 тесен, долг предмет, како молив

Подготовка:

Исечете го шишето по горната линија на хартијата со името на пијалокот, ставете запалена ламба на дното и покријте го наопаку со исечениот горен дел од шишето. Пред тоа, прекријте го дното со црна изолир трака.

По должина залепете неколку креп траки кои ќе делуваат како скала за смрдливите бубачки полесно да се качуваат до нивната стапица. Откако ќе паднат во шишето, нема да знаат како да се искачат назад низ тесниот отвор и да излезат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma