Моменталниот рекорд е 23 секунди
Во согласност со атмосферата на најголемиот христијански празник – Велигден, ви ја претставуваме оваа криенка од унгарскиот уметник Дудолф.
Тој често ги интригира корисниците на Интернет со своите криенки, бидејќи неговите скриени предмети не е лесно да се најдат.
Овој пат треба да пронајдете целосно бело јајце на колоритна илустрација во најкус можен рок.
Можете ли да го најдете за помалку од 23 секунди? Ако не успеете, не се обесхрабрувајте веднаш, на многу луѓе им треба повеќе време.
Иако Дудолф се потрудил да ве збуни со бои и дезени, можеби задачата сепак не е толку тешка.
За да ви помогнеме – погледнете внимателно во просторот околу зајакот што паднал во сината боја.
Ако сè уште не успеавте да го забележите, погледнете го решението подолу.