Доколку сакате да експериментирате во кујната, оваа салата е вистинскиот избор. Интересна комбинација на состојки како ананас, варени јајца и шунка го прават ова мезе едноставно неодоливо и идеално за празнична велигденска трпеза. Ќе го направите за помалку од половина час, а можете да го послужите и како оброк.
Состојки:
6 јајца
6 парчиња конзервиран ананас
100 гр прашка шунка
200 гр замрзната пченка
1 целер
2 супени лажици јогурт
2 лажици мајонез
Подготовка:
Сварете пченка и јајца. Исечкајте ја шунката и изрендајте го целерот. Во сад измешајте ги ситно сечканите јајца, пченката, шунката, сечканиот ананас и целерот. Додадете јогурт и мајонез, а потоа посолете и побиберете. Се добро измешајте.