Венера ќе остане во Риби до 20-ти февруари, а испреплетувањето на имагинацијата и реалноста ќе биде доста изразено.
Претходните три недели Венера престојуваше во етеричниот знак Водолија, поради што повеќето ментално пристапуваа кон врските, оставајќи ја романтиката во втор план. Сега е време повторно да се премине на опипливо дејство, бидејќи Рибите заедно со Бикот и Вагата се третиот знак во кој Венера има магичен ефект.
Рибите се знакот во кој моќта на Венера е најголема. Додека е во Риби, оваа планета создава најплодна почва за развој на нежни чувства, длабока поврзаност и романса од бајките. Во неделите до 20-ти февруари, љубовниците со помош на поетски реченици и трогателни гестови ќе им ги дадат срцата на оние што ги сакаат и ќе им влезат под кожа. Преплетот на имагинацијата и реалноста ќе биде истакната карактеристика на периодот на минување на Венера низ Рибите. Ќе се гледате едни со други низ субјективна призма, понекогаш значително различна од реалноста.
Создавањето симпатии ќе биде еден од големите адути при додворувањето. Кој и да ви се појави како осаменик или жртва на тажна судбина, ќе има поголеми шанси да го привлече вашето сочувство. На оние кои го предизвикуваат вашето сочувство, ќе бидете спремни да им пружите емоционална и физичка удобност, како и да правите разни услуги. Би можеле да им позајмите или да им дадете пари, да им го простите долгот, да им помогнете со врските да добијат некоја привилегија и слично, пренесува „tportal.hr“.
Кога Венера ќе влезе во Риби, многумина ќе бидат зафатени од бран на креативна инспирација и ќе ги поттикне да пишуваат љубовни приказни, да прават украси, да дизајнираат ентериери и слично. Истовремено, кај сите знаци ќе се зголеми интересот за уметност, религија, јога, медитација, алтернативни терапии, хуманитарна работа и заштита на животните. Додека Венера е во Риби, љубовта најсилно ќе им се насмевне на Рибите, Ракот, Скорпијата, Бикот и Јарецот.
Овие знаци ќе имаат најмногу смисла за естетика, мода и дизајн. Близнаците, Девицата и Стрелецот би можеле да се заљубат во некој кој намерно или случајно ги измамил.