Вечера готова за 15 минути! Тестенините со печурки на Џејми Оливер

popara30 август, 20231min00
571960_spageti_m

Доколку барате нешто едноставно, брзо и вкусно за вечера, пред вас е вистинското нешто – рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер, кој инаку е голем љубител на италијанската кујна…

Состојки:

150 гр тестенини

2 чешниња лук

250 гр печурки (шампињони, вргањ…)

25 гр пармезан сирење

2 лажици кисела павлака

половина лажица маслиново масло

Подготовка:

Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на кутијата. Процедете, но зачувајте половина шолја од водата во која се вареле. Во меѓувреме ситно исецкајте ги двете чешниња лук.

Во длабока тава истурете половина лажица маслиново масло, додајте го лукот, продинстајте кратко (минута) и додадете ги сечканите печурки. Зачинете со сол и бибер по вкус и динстајте осум минути, повремено мешајќи. Додадете ги сварените тестенини и половина од зачуваната вода од тестенини.

Пармезанот изрендајте го, додадете го во тавата, додадете ја павлаката и динстајте уште минута-две, за се убаво да се соедини. По потреба додадете уште малку вода од тестенините.

Послужете топло, посипано со рендан пармезан.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag