Вештачката интелигенција во служба на убавината:Оваа машина за маникир во домашни услови користи роботска рака

popara28 ноември, 20231min00
Лакирање нокти

Дали би сакале робот да ви ги лакира ноктите?

Посетите на салоните за нокти би можеле да станат минато.

Глобалниот пазар за вештачка интелигенција за убавина и козметика веќе стана многу профитабилен бизнис,а истражувачите предвидуваат дека ќе доживее зголемен раст во следните пет години.Засега нешто што изгледаше неверојатно само ни тропа на врата.

A.I. роботите веќе обезбедуваат услуги како третмани за трепки и маникир во салоните,а сега,секој што сака да инвестира во нова машина што користи вештачка интелигенција за изведување маникир – може да има свој личен роботски маникир дома.

Уредот наречен „Nimble“ може да ги детектира обликот,големината и заобленоста на ноктите на корисникот и со помош на роботска рака која ги имитира движењата на човечки техничар за нокти – беспрекорно изведува маникир.

Роботската рака може точно да нанесе основен слој,два слоја боја и горниот слој лак.Оваа технологија се заснова на повеќе од 20 алгоритми за пресметување на начинот на нанесување на лакот и упатствата дадени на роботската рака.

Значи,иако постои онаа фраза „сè за убавина“, дали би дозволиле робот да ви ги полира ноктите?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma