Пред неколку недели почнаа гласини дека Тејлор Свифт се забавува со американскиот фудбалер Тревис Келси, но пејачката до сега се трудеше да ја задржи во тајност новата романса. Меѓутоа, сега кога криењето заврши, новото момче на Тејлор Свифт повеќе не е тајна.
Пејачката е забележана во Канзас како гледа натпревар на Kansas City Chiefs од ВИП ложата. За овој тим игра Келси, а по натпреварот го напушти стадионот држејќи се за рака со пејачката.
@nfl p solid day for the two of them 🫡 #taylorswift #traviskelce #kansascitychiefs #nfl (via JarrettPayton/X)
Новото момче на Тејлор Свифт е необичен избор за неа, која обично излегува со колеги музичари или актери. Тејлор Свифт претходно беше во врска со Џо Алвин, но раскинаа оваа пролет по шест години врска, што ги шокираше фановите.
Неколку недели подоцна, како бомба експлодираше веста дека пејачката веќе има ново момче – фронтменот на бендот The 1975, Мети Хили.
View this post on Instagram
Но, оваа романса беше краткотрајна – парот се раздели во текот на летото, можеби три месеци откако објавија дека се заедно.
Останува да видиме дали убавата пејачка ќе има поголема среќа со згодниот спортист.