Пеглањето е домашна обврска во која повеќето луѓе ни најмалку не уживаат, а една мајка по име Шантел Мила сподели со светот трик кој ќе ви помогне да заборавите на пеглањето. Се што ви треба е домашен спреј кој ќе ви ја исправи облеката за пет минути.
Шантел објасни дека ви требаат две чаши вода, лажица алкохолен оцет за да ја омекне облеката и лажица регенератор за коса, кој ќе помогне да се омекнат влакната од материјалот, за да се исправат.
Таа ги меша овие три состојки во шише со спреј, кое потоа го прска на згужваната облека. После тоа, малку ја исправа облеката, пред да ја закачи на закачалка да стои пет минути – и толку!
View this post on Instagram
Својот трик таа го објави во видео кое стана многу популарно на социјалните мрежи и порача дека овој трик ќе биде многу корисен на патувањата или кога, на пример, немате време да испеглате облека за на работа наутро.
“Морам да го пробам ова! Страшно сум мрзелива кога е во прашање пеглањето”, коментирала една девојка.