Секоја жена знае колку е стресно кога ќе избере погрешна нијанса на течна пудра. Можеме да се обложиме дека ова му се случило на секој од вас по милион пати и токму кога ќе помислите дека сте удриле шајка по глава, се лизнете.
За да ви ја олесниме работата, ја најдовме популарната американска шминкерка Роуз Сард, која објаснува како да ја изберете вашата вистинска нијанса!
Доволно е, како што вели Сард, течната пудра целосно да се исуши.
– Не се одлучувајте за нијансата на пудрата додека целосно не се исуши – објаснува шминкерката во видеото, покажувајќи ја на своето лице разликата во нијанси помеѓу „влажните“ и „исушените“ пудри.
@roseandben I would have wrote off most of these before they dried 😜 #makeuptips
Со мат и долготрајни пудри, дефинитивно треба да почекате да ја видите нивната конечна боја – додава таа. Една од причините зошто е добро да се биде трпелив при изборот е тоа што нијансата се менува кога формулата се суши, а друга е оксидацијата.
Тоа значи дека пигментите во пудрата реагираат на одредени надворешни фактори, како што се воздухот, киселата pH вредност на кожата и природните масла кои се наоѓаат на лицето. Обрнете внимание на овој детал следниот пат кога ќе барате соодветна пудра.