Ве возбудуваат „ЛОШИ МОМЦИ“? Синдромот на МАЧО МАЖИ не е МИТ, а ова се 5 причини зошто девојките паѓаат на нив

popara10 февруари, 20231min00
shutter

Отсекогаш се зборувало дека жените повеќе ги возбудуваат немирните, лоши момци. Кога ќе погледнете наоколу и ќе размислите за пријателите, ќе забележите дека на смирените, добрите, пристојните и непорочните им е потешко да најдат партнерка.

Класичното разбирање на лошо момче најпрво имплицира дека тој е физички и психолошки крајно мажествен, или претставник на алфа мажјак. Во себе носи некој бунтовен и пркосен, авантуристички дух. Правилата не му значат ништо. Тој е бурен, но емотивно недостапен.

Често е екстремно нарцисоиден, себичен или манипулативен, а жените повторно го сакаат и го избираат пред толпата други.

Со оглед на сите работи, навистина треба да се праша зошто е тоа така.

Ослободување од притисок

Повеќето од светските култури се организирани според патријархалниот модел, што подразбира дека жената мора да биде грижлива, мирна, нежна и скромна. Но, и жените сакаат слобода и забава, па овие вештачки наметнати ставови им се товар.

Бунтовничката природа на „лошиот“ дечко им користи на жените бидејќи им овозможува да ја изразат сопствената бунтовничка природа. Со него таа е слободна да биде она што навистина е.

Возбуда

Лошото момче е идеален избор на партнер кога на жената и треба малку забава. Авантуристичкиот дух на овие момци е една од главните карактеристики кои го привлекуваат понежниот пол.

Делуваат заштитнички

Лошото момче остава впечаток на сигурна и стабилна личност која ќе и помогне на девојката во неволја или во моменти кога се чувствува слабо и незаштитено. За девојките кои по природа не се способни да се залагаат за себе, лошиот дечко претставува заштитник и потребната доза на борбеност.

Проблемот настанува кога не постои гаранција дека истата агресија нема да биде насочена кон саканата личност.

par

Тие се пожелни, но не на долг рок

Изразениот „мачо“ карактер, од гледна точка на биологијата, претставува добар генетски материјал, што е и причината зошто овие мажи им се попривлечни на жените. Меѓутоа, кога станува збор за сериозни врски, сите ги ценат квалитетите како пожртвуваноста и искреноста, па овие мажи се одличен избор, но само кога девојката бара малку забава.

Претставуваат предизвик

Девојките често имаат потреба да ги „поправаат“ момците со кои излегуваат. Си даваат улога на спасител, верувајќи дека неговото однесување е предизвикано од некоја траума од минатото, како што е лош однос со неговите родители или прељуба во претходната врска.

Девојките често се тешат велејќи дека мажот е добар, само не е свесен за тоа, а ова верување често води само до разочарување. Исто така, задржувањето на таков тип, кој веројатно е склон да менува партнери, претставува еден вид предизвик, борба со други девојки и огромно чувство на задоволство во случај на „победа“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag